Две награди за Велешкиот театар на фестивал во Русија

Од:

Велешкиот театар со комедијата „Вдовицата се мажи“ во режија на Младен Крстевски освои две награди на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ кој се одржа во Москва.

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ доби награда за најдобра странска претстава и награда за најдобар ансамбл за актерите Марина Поп Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон П. Чехов напишана во 1888 година. Претставата е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти.

Сценографијата е на Филип Коруновски, костимограф Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје