Aпелација му го укина затворот на бегалецот Горан Грујевски

Од:

Апелационите судии во Скопје ја укинаа пресудата за ексначалникот на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски, во предметот „Тврдина 2“, дознава „Макфакс“.

Со пресудата, бегалецот во Солун беше осуден на година и пол затвор за уништување списи и документи за незаконското прислушување. Тоа значи дека за овој предмет, судењето за Грујевски треба да почне од почеток. Oва е одлуката на тричлениот кривичен совет со кој претседаваше судијката Цветанка Периќ за жалбата на адвокатите на Грујевски. Јавната седница се одржа годинава кон крајот на март.

Причината за укинувањето на пресудата за случајот „Тврдина 2“, која ја донесе судијката Лидија Петровска, позната од бомбите, е тоа што не биле исполнети законските услови за на обвинетиот Грујевски да му се суди во отсуство. Според сознанијата на „Макфакс“, Апелациониот суд ја потврдил пресудата за службеничката во УБК, која исто така се жалеше, но на условната казна која ѝ беше досудена во овој предмет.

Судијката Лидија Петровска во октомври 2017 година донесе решение со кое на обвинетиот Грујевски одлучи да му се суди во отсуство бидејќи тогаш им беше недостапен на органите на прогонот. Со оглед на фактот дека судијката Лидија Петровска, која го судеше предметот, е преместена во друг оддел, сега предметот најверојатно ќе го суди судијката Добрила Кацарска, која ги презеде предметите од својата колешка и која го осуди Никола Груевски на 2 години затвор за набавката на „мерцедесот“. Предметот сè уште не е експедиран во кривичниот суд, потврдија оттаму за „Макфакс“.

Грујевски, инаку е обвинет и во случајот за масовното прислушување „Тврдина – Таргет“ и во предметот „Трезор“, а против него СЈО ја води истрагата „Странски служби“, за набавка на опремата за прислушување.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски

Катерина Ѓуровски

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески