Новинари од Естонија во посета на Македонија

Од:

Во Македонија денеска пристигна екипата на ТВ Талин, национална телевизија од Естонија, која ќе снима репортажи на повеќе локации: Скопје, Старата скопска чаршија, Кале, Матка, Св. „Јован Бигорски“ и Охрид.

Целта е туристичките потенцијали на земјава да се промовираат на естонскиот пазар.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која го организира ова тридневно информативно патување, ТВ Талин е првиот медиум од Естонија што ќе ја промовира Македонија како туристичка дестинација и преку својот објектив ќе ги долови македонската култура, историја, традиција, храна и гостопримство.

АППТ воедно потсетува дека од први јуни до 15 септември годинава ќе има чартер линија Талин-Охрид-Талин.

– Со првиот лет на естонскиот авиопревозник „Нордика“ на 1 јуни од Талин до Охрид ќе допатуваат уште една група новинари, претставници од повеќе медиумски куќи од Естонија. Новинарите ќе имаат можност да се запознаат со Охридскиот регион и со своите репортажи и објави да придонесат за промоција на Македонија на естонскиот туристички пазар, наведува Агенцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руски авиони во Естонија

Певкур: Подготвени сме да се одбраниме од Русија заедно со нашите сојузници од НАТО

Москва ги негира обвинувањата за нарушување на естонскиот воздушен простор

Ирски новинар ја обвини Урсула фон дер Лајен дека лаже во врска со руските авиони

Естонија го активираше Член 4 од НАТО

Итна реакција на НАТО по влезот на руските воени авиони во Естонија