Си поделиле за 40% повисоко К-15 во Комисијата за хартии од вредност

Од:

Државниот завод за ревизија утврди серија пропусти и неправилности при работата на Државната Комисија за хартии од вредност во ревизорскиот извештај. Во Извештајот пишува дека претседателката на Комисијата, Елизабета Чингаровска, во 2015 година склучила Колективен договор со синдикална организација, со кој на вработените им биле дадени поголеми права од правата утврдени со закон. Ревизорите напишале дека за 2016 година вработените во Комисијата си поделиле повисок износ за регрес за годишен одмор.

„Во текот на 2016 година изврешена е исплата на парични средства по Колективниот договор во вкупен износ од 486 илјади денари, односно за 40% повисок износ од правото определно со закон. Исто така во член 71 и член 80 од Колективниот договор предвиднеи се правата за исплата на парични средства по основа на испратнина за одење во пензија и бонус за вработените во комисијата“.

Според ревизорите, утврдената состојба создава и можност за исплата на поголеми износи на испратнина за заминување во пензија и за бонуси. Од Комисијата им одговориле на ревизорите дека нивниот наод е неоснован, бидејќи според нив, во Колективниот договор не можеле да се утврдат помали права од правата утврдени со Законот.

Во извештајот пишува и дека постои можност за пристап до IT ресурсите од неовластени лица како и можност да бидат изгубени во природна катастрофа. „Наведените состојби не се во согласност со најдобрите пракси“, пишува во извештајот. Ревизорите констатирале дека не се донесени пишани процедури за готовинското и безготовинското плаќање на финансиската документација. Комисијата не ја доставила во законскиот рок завршната сметка до УЈП и до Централниот регистар.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска