Кирацовски: Промените обезбедуваат повисок животен стандард

Од:

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во изминатиот период посети повеќе населени места низ Македонија, на средби со граѓани, членови и поддржувачи на СДСМ.

На средбите со граѓаните на Крушево, Гостивар, Долнени и Богданци, се разговараше за досегашната работа на Владата предводена од СДСМ, процесот на реформи коишто ги носат промените, но и за идните предизвици на Македонија, особено во делот на економијата и евроинтеграцискиот процес.

– Зад нас е една година на промени. Промени што донесоа повисока минимална, но и зголемена просечна плата од 5.6 отсто, повисоки пензии, зголемени и навремени субвенции за земјоделците, трајно решен проблем со стечајните работници, намалени трошоци за живот преку укинување на радиодифузната такса и воведување на евтина тарифа на струјата, како и нови инвестиции и нови работни места, беше една од пораките на Кирацовски.

Промените, истакна Кирацовски, нема да застанат, продолжуваме да ја менуваме Македонија, од поделена, скарана и изолирана земја, нашата држава станува земја за пример, земја која сите ја гледаат како идна полноправна членка на евоатлантските организации.

Во периодот што следува, генералниот секретар Кирацовски и претставници на раководството на партијата продолжуваат со интензивни посети на општините и населените места низ Македонија. Се разговара со граѓаните за актуелните теми, се слушaат нивните идеи и ставови за реформите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?