(ВИДЕО) Заев: До петок ќе разговарам со Ципрас, очекувам исчекор во преговорите

Од:

„Никогаш не сме биле поблиску до решение со Грција, а пријателството меѓу двата народа никогаш не било поголемо. Името и идентитетот се заштитени. Ќе има референдум, граѓаните ќе го имаат конечниот глас на референдумот“, порача премиерот Зоран Заев пред Владата каде денска со министрите дадоа отчет за едногодишното работење.

Тој е дециден дека сè уште нема конечен договор за името, дека се договорени принципи и начела и се работи на правно – формалиот спект на договорот. Тој најави дека деновиве ќе разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас на кој очекува да биде постигнат исчекор.

„Следува разговор меѓу мене и Ципрас – денес, утре, до петок, на кој очекувам да направиме исчекор. Ги следиме сите шпелулации, штом имаме информација ќе ја споделиме со јавноста“, рече Заев.

Тој не коментираше дали се уште се во огра предлозите „Северна Македонија“ и „Илинденска Македонја“. „Не би дал коментари за одредени одредници за името затоа што сме во финална фаза за можно решавање“, рече Заев.

Во однос на забелешките на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот рече дека тој бил детално информиран на лидерската средба. Најави дека министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе побара средба со претседателот Иванов за да го информира за сите детали за кои е разговарано во Брисел.

По средбата со Ципрас, повторно ќе биде информиран и претседателот Иванов и сите институции за текот на разговорите, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада