Земјоделски култури ќе го чистат нафтениот талог од отпадот на Рафинерија

Од:

Со помош на земјоделски култури, ОКТА ќе го чисти нафтениот талог создаден од отпадот во изминатите 30 години. Станува збор за иновативен процес т.н. фиторемедијација што ги елиминира контаминентите од почвата во која претходно е ставен нафтениот талог, без притоа да се загади животната средина.

Како што беше речено денеска на презентацијата на фиторемедијацијата во ОКТА, освен што е сигурен и ефикасен, овој метод на чистење е и многу евтин. Низ него ќе треба да поминат 2.000 метри кубни нафтен талог или површина од вкупно 1.200 метри квадратни.

Веќе се поставени првите два опита на парцели од по 200 метри квадратни. Всушност, врз почва претходно измешана со нафтен талог во бетонски базени кои не пропуштаат вода, се засеани шест култури: минатата есен рж, јачмен и пченица, а пролетва пченка, маслодајна репка и сирак. Нивните коренови системи го вршат биоразградувањето.

Проектот се реализира во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), а првичните анализи покажале дека во нафтениот талог од овие два опита веќе нема метали.

– Фиторемедијацијата е мерка за деконтаминација на почвата. Евтина е, се применува на широк спектар контаминенти и го елиминира секундарното загадување. Опитот што го поставивме со ОКТА е почеток на истражувањето. Следуваат анализи и на растенијата и на почвата, објасни професорката Татјана Миткова од ФЗНХ.

Зависно од резултатите, се размислува во натамошниот процес на „прочистување“ да се додаде и микробиолошко ѓубриво.

Не е исклучено, по фиторемедијацијата почвата да се користи за земјоделско производство, а културите „чистачи“ за производство на биогориво.

На презентацијата и на опитното поле поставено во близина на фабриката, присуствуваше и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој изрази задоволство од соработката на науката и бизнис секторот.

– Овој тип иновативен биолошки третман ќе можеме да го продаваме како македонски производ и искуство во регионот, изјави Макрадули, нагласувајќи дека Македонија се уште нема закон за почви поради што на неговото донесување Министерството веќе интензивно работи.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот