Грчката полиција стравува од нов терористички напад

Од:

 Грчката полиција стравува од нов терористички напад, а причина за загриженоста е фактот што досега никој не преземал одговорност за нападот врз канцеларии на владејачката партија Нова демократија на 14 јануари и експлозијата на бомба во најголемиот трговски центар во Атина на 20 јануари.

Ова според полицијата значи дека извршителите на двата напада не ги исполниле своите планови до крај.

Информацијата дека за време на нападот врз канцелариите на Нова демократија напаѓачите имале и минофрлач, кој не не бил употребен, го зголемува стравот кај властите. Полицијата смета дека напаѓачите сакале да го употребат минофрлачот, но биле изненадени од случаен сведок и затоа само отвориле оган од пушка „калашњиков“ и пиштол „Магнум“.

Анализирајќи ги податоците, властите дошле до заклучок дека можеби се подготвува нов сериозен напад врз политички цели.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција