Амбасада на Франција: „Нон пејпер“ не е конечен документ, заклучоците ќе ги проучи Советот на 26 јуни

Од:

Амбасадата на Франција со став дека, заклучоците за Македонија изнесени во „нон пејперот“ не се конечни и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери, откако предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец.

Ова е одговорот од Амбасадата на Франција што го побара Макфакс за да се појасни ставот на оваа земја членка на ЕУ, во врска со позицијата на Македонија за преговорите за влез во Европската Унија.

„Амбасадата на Франција појаснува во врска со документот наречен ‘non-papier’ кои го споменуваат одредени медиуми. Амбасадата, исто така, напоменува дека предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец. Разговорите за подготовка на заклучоците за Македонија и за Албанија сеуште не се отпочнати во Брисел. Поради тоа и не треба да му се придава премногу големо значење на тој документ, особено што во него станува збор за точки за кои ќе се разговара и одлучува во иднина.“

А.Василевска

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски