Британската премиерка Тереза Меј е повикана да ги направи првите чекори, кои би можеле во Северна Ирска да доведат либерализација на Законот за абортус, откако Република Ирска изгласа укинување на уставниот амандман, кој го забрануваше абортусот.
Лидерите во Велика Британија се соочуваат се се поголем број повици од активисти и пратеници да го либерализираат ограничувањето за абортус во Северна Ирска.
Кога новиот закон ќе стапи во сила во Република Ирска, Северна Ирска ќе биде единствениот регион на британските острови каде што абортусот е забранет.
Собранието на Северна Ирска е суспендирано, што значи дека не може да се распише никаков референдум, па измените на законот во тој дел на Обединетото Кралство може да дојдат предвид само со одлука на Владата во Лондон.
Од друга страна, опстанокот на британската Влада на премиерката Меј зависи од поддршката на конзервативните пратеници од Северна Ирска, кои веќе најавуваат дека ќе се спротивстават на укинување на забраната за абортус.
Меј во неделата го поздрави резултатот од референдумот во Ирска, нарекувајќи го „импресивна демонстрација на демократија, која произведе јасен и недвосмислен резултат“.