Ѓорчев: Веднаш да се укине покачувањето на акцизата на дизелот

Од:

„Инфлацијата тропа на врата, гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци.

Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија“, рече Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со оваа инфлација која што и се случува на Македонија е секојдневна.

Од тие причини бараме веднаш и неодложно укинување на наметнатата акциза на дизелот од 3,5 денари која што ја наметна владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски.

Трошоците за економијата се огромни. Се работи за повеќе од 40 милиони евра на годишно ниво. Доаѓаме до еден фрапантен заклучок, а тоа е дека откако Зоран Заев е премиер цената на дизелот во Македонија се зголеми од 46 на 65 денари. Тоа е зголемување од повеќе од 40%.

Повеќе од 40% отиде нагоре цената на дизелот во времето на владата на Зоран Заев. Бројките се страшни, се влошуваат и од тие причини треба да имаме одговорни економски политики кои што ќе ја ублажат болката која што ја чувствува и стопанството и граѓаните и сите оние претпријатија чија што фундаментална дејност е директно поврзана со транспортот, пласманот, дизелот и сето она што им е потребно за работа“, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски првпат пратеник, во клупите и цело екс раководство на СДСМ, ќе се конституира новиот паралментарен состав

Катерина Ѓуровски

Коалициските партнери во новата влада ги поделија ресорите

Демири нема поим што се случува на Хирургија вели ВМРО-ДПМНЕ

Преговорите на новата Влада се во напредна фаза, при распределбата се води сметка за бројот на добиени пратеници информира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки