Седма „Свирложба“ во СУГС „Никола Карев“

Од:

Оваа сабота на 02 јуни во СУГС „Никола Карев“ – Скопје, по седми пат ќе се одржи средношколскиот настан „Свирложба“.

Имено станува збор за настан од уметнички карактер кој вклучува, свирка, изложби, цртања во живо, драмски текстови и перформанси. Годинешната тема на свирложбата е „Петти елемент“, етерот според Платон или искрата поради која добиваме желба да правиме било што – според учесниците.

Оваа година музичкиот дел ќе биде исполнет со познати нумери од Пинк Флојд, во изведба на школскиот бенд на СУГС „Никола Карев“, драмски текстови и перформанси, цртање во живо и за првпат во средните училишта VJ со кадри од четирите елементи во филмовите на Андреј Тарковски.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска