Кевин Лав го пропушта клучниот натпревар за Кливленд

Од:

Крилото на Кливленд Кавалирс, Кевин Лав ќе го пропушти клучниот седми меч во финалето на Источната конференција помеѓу Кавалирс и Бостон Селтикс.

Лав се здоби со потрес на претходниот натпревар и не успеа да ги мине потребните тестови за да му биде дозволено да игра во финалниот натпревар од серијата на теренот во Бостон, утре во раните утрински часови по македонско време.

Победникот на претстојниот натпревар Кливленд – Бостон ќе ја освои серијата и ќе се квалификува за финалето на НБА.

Во Западната конференција, резултатот исто така е израмнет и се очекува седми дуел меѓу Хјустон и шампионот Голден Стејт.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот