СДСМ: Наместо да навива за неуспех на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ да преземе одговорност за 11 годишното пустошење

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред да се истрчува во јавноста ВМРО-ДПМНЕ треба да го прочита Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

Со Извештајот, ЕК дава кристално чиста препорака за Македонија, го констатира напредокот во сите области, а најново е дека Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи.

Македонија е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од Европа и земјите членки на ЕУ. Дека Македонија е на вистинскиот пат не сака да признае единствено ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се погледне во огледало за да го види виновникот за 11 годишното пустошење на државата и оддалечувањето на Македонија од ЕУ и НАТО.

Наместо да навива за неуспех на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните за грабежот и ставот, да преземе одговороност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред.

Времето на неуспеси за Македонија заврши. Македонија тргна напред и враќање назад нема.

Промените создаваат силни институции, држава во која сите се еднакви пред законот и подобар живот за сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски