Кливленд ја израмни серијата против Бостон

Од:

Леброн Џејмс реализираше 46 поени за победата на Кливленд со 109:99 дома над Бостон во шестиот натпревар од финалната серија во Источната конференција на НБА.

Ѕвездата на Кавалирс додаде 11 скока и 9 асистенции, со што ја донесе серијата со „келтите“ до решавачки седми дуел.

Гостите водеа со 25:20 по првиот период на натпреварот, но Кливленд излезе убедливо во предност уште пред крајот на вториот дел (54:43) и во последните два дела само ја одржуваа разликата.

Џејмс ја мина границата од 40 поени за вкупно седми пат во плејоф средба. Тој има шанса да се рангира за финалето во НБА за осма година по ред.

Учесникот во натпреварот на ѕвездите, Кевин Лав доби повреда на главата и ја напушти принудно игра од составот на Кавс, што може да претставува проблем за Кавси во мечот бр.7.

Џорџ Хил беше од помош на Џејмс и постигна 20 поени за домаќините.

Тери Розиер беше најуспешен во гостинската екипа со 28 поени. Со поен помалку заврши неговиот тимски колега Џејлен Браун.

Седмиот дуел од финалната серија на Истокот помеѓу Бостон и Кливленд се игра на 28 мај.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот