ММФ ја предупреди британската Влада дека е време за „олабавување“ на острите скратувања на буџетот и за создавање нов план за стабилизирање на домашната економија.
Главниот економист на ММФ, Оливие Бланшар, во интервју за радио Би-Би-Си, изјави дека Министерството за финансии треба да размислува за „прикочување“ особено што заканите од најлошото за глобалната економија, се уште не се надминати.
Во последниот извештај на ММФ посочија дека острите мерки за буџетски скратувања им нанесуваат штета на најбогатите земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, во поголем обем од оној што економистите и финансиските експерти претходно се очекуваше.
Анализите што ММФ ги има направено откриваат дека намалувањето на јавната потрошувачка и зголемувањето на даноците, за два, до три пати имаат поголемо влијание врз економските услови, во споредба со ситуацијата во 2008 година. ММФ затоа препорачува „олабавување“ на острите мерки за кратење на буџетот и трошењето од него, особено во земји каква што е Велика Британија, каде таквата економска политика не е толку потребно, како во Шпанија.