Леброн Џејмс по рекорден 12-ти пат избран во најдобриот тим на НБА

Од:

Ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс по рекорден 12-ти пат беше избран во најдобриот тим на сезоната во НБА.

Идеалните пет од сезоната беа утврдени по гласањето на новинарите и навивачите.

Џејмс доби 100 гласа, а заедно со него во тимот се и дефанзивецот на Хјустон, Џејмс Харден (100 поени), центарот на Њу Орлеанс Антони Дејвис (96), бекот на Портланд, Демијан Лилард (71) и крилото на Голден Стејт, Кевин Дурант (63).

Леброн Џејмс со влезот по 12-ти пат во идеалната петорка на сезоната постави нов рекорд и сега е сам на врвот на вечната листа, надминувајќу ги Коби Брајант и Карл Малуон, кои беа избирани меѓу најдобрите за сезоната по 11 пати.

Џејмс, Хардан и Дејвис се тројцата номинирани за наградата МВП на сезоната, која ќе биде објавена на 25 јуни.

Во втората најдобра петорка за сезоната се најдоа Јанис Антетокумбо (Милвоки), Расел Вестбрук (Оклахома Сити), Џоел Ембид (Филаделфија), ЛаМаркус Олдриџ (Сан Антонио) и ДеМар ДеРоузен (Торонто).

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот