Изложба „(Не) заборав“ во Прилеп

Од:

Во галеријата „Борко Лазески“ во Прилеп е отворена изложбата „(Не) заборав“ на 38 годишниот прилепски наставник по физика Емил Димоски. На првата самостојна изложба Димоски ги претстави своите минијатури на селски куќи, направени од природни материјали, сместени во лејки или грне и на слики, нагласувајќи дека иако е наставник по физика, во душата му е уметноста, архитектурата и љубовта кон традицијата.

Димоски од осум години со шкорчиња, а последните 15 години од животот преку природни материјали создава дела – гради минијатурни селски куќи сместени во лејка или грне за грав. Претежно се тридимензионални куќички, автентитчно направени според старата македонска рурална архитектура, а има и дводимензионални прикази на слики со сите детали па дури со низи од пиперки и од тутун.

– Идејата за да творам на ваков начин, претежно стара селска архитектура е од најмалите години. Кога моите родители ме носеле во селата во околината на Прилеп ме фасцинирале селските куќи, посебно седев на чардакот. Бев љубопитен да ги видам животните во шталата, како живееле луѓето на катот, вели Димоски.

Тој создава куќички на дланка од природни материјали, користејќи земја, камчиња, плитари и растенија да ги изгради прецизно со пинцета и ситни помагала.

– Секогаш постоела мојата љубов кон архитектурата, иако сум наставник по физика. Куќичките ги правам тридимензионално или како слики. Во изградбата на куќите користам природни материјали: дрвца, гранчиња, растенија од околината. Ги земам од местата каде се градени куќите за да бидат поавтентитчни. Ги вклопувам нијансите земја, камчињата што ги користам за градба. Имам градено куќички во лејки, во грчиња за грав. Работам со пинцети, ја држам лејката во раката и полека со пинцета и малечки стапчиња нанесувам кал и градам. Самиот наслов на изложбата носи наслов (Не) заборав. Некои од куќите се веќе распаднати, други не постојата. Од заборав ја зачував и родната куќа на мајка ми. Ја има во својата одаја, вели Димоски.

На Димоски му се потребни од три до 12 месеци да создаде дело, а ги има 35.

– На пример, плитарите и тулите треба да се испечат на сонце, онака како биле употребувамни за градење. Целта ми е колку може попрецизно да ги сработам и доловам сите ситни детали кои ја прават посебоста на старата селска архитектура. Претежно работам во лето според инспирацијата и ако одговараат временските прилики. Сега и сликите ги правам во тридимензионална форма, се обидувам да ја доловам и ноќната атмосфера, објаснува Димоски.

Моите ученици, додава, се љубопитни да дознаат за традицијата и имаат многу прашања. Им објаснувам за животот некогашен за сите карактеристики на традиционалните вредности.

Најмалата куќа што ја направил е четири на пет сантиметри. Димоски ги вградувам сите елементи: чардаци, фурни за печење, прозорци, врати, па дури и спрострените килими, низите суви пиперки, низите тутун. Сега сака да ги прави старограските куќи и православните храмови.

Изложбата на Димоски „(Не) заборав“ во Прилеп е отворена до вторник.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска