Повеќе автомобили се оштетени во Бања Лука, во експлозија што се случи синоќа околу еден часот по поноќ.
Во експлозијата нема повредени, но причинета е поголема материјална штета.
На местото на инцидентот излегоа припадниците на полицијата кои, како што наведува полициската управа на Бања Лука, ги презеле сите потребни мерки со цел утврдување на околностите кои довеле до експлозијата.