Германската амбасада со грант за неготинското комунално претпријатие

Од:

Германската амбасада обезбедува грант за неготинското комунално претпријатие, изјави денеска Методи Митрев, портпарол во општина Неготино.

Тој појасни дека завчера градоначалникот на Неготино, Тони Делков и директорката на Јавното претпријатие „Комуналец” Марина Бојаџиева престојувале во работна посета во Амбасадата на Германија во Република Македонија.

– Целта на работната средба беше потпишување на договор за грант за потребите на локалното комунално претпријатие. Со овој грант „Комуналец” на располагање ќе добие еден агрегат за струја, машина за сечење на асфалт и бетон, како и машина за одзатнување на канализационата мрежа, рече Митрев.

Додаде дека обезбедените машини ќе продонесат за поквалитетно и поефикасно извршување на секојдневните работни обврски на вработените во „Комуналец”.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко