Бостон на чекор до НБА финалето

Од:

Една победа ги дели кошаркарите на Бостон Селтикс од големото финале во НБА лигата, откако ноќеска го победија Кливленд Кавалирс со 93:86 и поведоа со 3-2 во плејофот од Источното финале.

Повторно како клучна во меѓусебните дуели се покажа разликата што една од екипите ја направи во првата четвртина. Овојпат Бостон подобро стартуваше и по 12 минути имаше двоцифрена предност 32:19.

Џејсон Тејтум со 24 поени и седум скокови беше најдобар играч во победничкито состав, кај гостите се истакна Леброн Џејмс со дабл-дабл ефект – 26 поени и 10 скокови.

Шестиот натпревар од серијата е закажан за ноќта петок кон сабота на теренот на Кливленд.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот