Хроничната ненаспаност на американските работници ги чини работодавците милијарди долари

Од:

Хроничната ненаспаност на американските работници ги чини работодавците милијарди долари. До тој резултат дошле научниците од Медицинскиот факултет на Харвард, објави весникот „Волстрит џурнал“.

Според истражувачите, недостигот на сон води до намалување на продуктивноста и до тоа што секој година американските компании губат околу 63,2 милијарди долари. Проблемот е дека луѓето одат ненаспани на работа и не се во состојба добро да ги извршуваат своите задолженија.

Според Центарот за контрола и спречување болести на САД 30 проценти од вработените Американци – 40,6 милиони лица – редовно не се наспиваат. Многоу големи компании почнале да сфаќаат дека ненаспаноста ги чини многу скапо и организирале „курсеви за сон“ – предавања на кои експерти им објаснуваат на работниците колку е важно да се наспани.

Минатата година над 2,6 милиони службеници на најголемиот медицински центар во државата Висконсин, поминале шестмесечен онлајн курс за борба против несоницата, организиран од компанијата „Џонсон енд Џонсон“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска