„Манастирски бисери”, Изложба во Кавадарци

Од:

„Манастирски бисери” е насловена Изложбата на фотографии што денеска беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци, по повод утрешниот празник свети Кирил и Методиј.

На 40 паноа, заинтересираните можат да погледнат осумдесетина значајни и интересни фотографии. Се работи за трите манастирски бисери-цркви во Кавадаречко – “Св. Ѓорѓи” во Полошко, “Св. Никола” во Моклиште и “Св. Архангел Михаил” во Бошава.

Билјана Галабова, историчар на уметноста, рече дека Македонската културно-уметничка ризница е богата со прекрасни уметнички изведби кои потекнуваат од различни историски периоди, а се мерливи со највисоките дострели на човечката креација и имагинација.

Весна Ѓорѓиева, автор и в.д. директор на Музејот, информираше дека изложбата е резултат на повеќегодишни реализации на проекти финансирани од Министерството за култура на Република Македонија, а е дел од годишната програма поддржана од ова Министерство.

-Целта е да се презентира нашето движно и недвижно културно наследство, кое го поседуваат овие значајни споменици на културата. Тие се во хронолошки рамки од 14. век, пред некаде 1.340 година, па се до сега. Овие црковни, културни, духовни и просветни центри имаме задача да ги презентираме пред нашата јавност. Архитектурата, фрескоживописот, иконописот, резбата и слично, рече Ѓорѓиева, заблагодарувајќи се на сите кои дале свој придонес во реализацијата на проектите.

Галабова, Трајче Цветков и Раде Атанасов, екс директорот Петре Камчевски и останатите колеги, на Министерството, но и на градоначалникот и општината како покровители на проектот и други.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска