Гимназијата во Виница ја враќа прехранбената струка

Од:

Од следната учебна година во Средното општинско училиште „Ванчо Прке“ од Виница повторно ќе се одржува настава во прехранбената струка. Со објавениот конкурс за запишување нови средношколци, предвидено е да се оформи една паралелка со 34 ученици.

Хемиско-технолошката насока во виничката гимназија беше во мирување повеќе години, но сега се активира поради зголемените потреби на стопанството од соодветен кадар.

-Нашето училиште ја прифати иницијативата од компанијата „Макпрогрес“ за школување на одреден број ученици кои по завршувањето на средното образование би можеле да се вработат, а дел да продолжат да се дообразуваат во оваа струка. Потпишавме договор за соработка со кој дел од практичната настава ќе се одвива во погоните на компанијата, а таа ќе помага и за се друго што е поврзано со едуцирањето на учениците, истакна Тихомир Тасев, директор на СОУ „Ванчо Прке“ – Виница.

Солиден интерес за запишување во новата паралелка покажале учениците од Виница, Кочани и соседните општини, но за стекнување диплома од звањето прехранбен техничар се уште има слободни места.

За реализирање на наставата во прехранбената струка гимназијата од Виница располага со соодветни просторни услови и наставен кадар, пред се технолози, а ќе го користи и искуството на инженерите од стопанството.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени