Либанскиот Парламент денеска го избра лидерот на шиитското движење Амал, Набих Бери за свој претседател.
За изборот на Бери гласаа 98 од вкупно 128-те членови на либанскиот Парламент.
Ова ќе биде шести мандат на 80-годишниот Бери на местото преседател на Парламентот на Либан, функција која ја извршува од октомври 1992 година.
По реизборот на должноста, Бери повика на брзо формирање нова влада на Либан.
Движењето Амал на Бери е созјуник на проиранската шиитска Божја партија (Хезболах), чија коалиција „Алијанса 8 Март“ на изборите одржани на 6 мај освои 70 места во Парламентот.
Се очекува следната недела, либанскиот премиер Мишел Аун да започне консултации за состав на новата влада.
Согласно Уставот на Либан, претседателот на Парламентот мора да е шиит, шефот на државата – христијанин, а премиерот – сунит. Во Парламентот, пак, 64 места се загарантирани за христијаните, по 27 за сунитите и шиитите, осум за друзите и две за алавитите.