„Сподели богатство“ – ликовна работилница за деца

Од:

НУ Музеј Куманово организираше детска ликовна работилница со ученици од основното училиште „Светозар Марковиќ“ од општина Старо Нагоричане во рамки на проектот „Сподели богаство“ поддржан од Министерството за култура.

На работилницата учествуваат деца на возраст од 7 до 11 години од основните училишта во Куманово и двете соседни општини. Под менсторство на стручните екипи од музејот, тие твореа на тема „Македонска народна носија“, користејќи различни техники, колаж и бои.

Целта на овој настан е основците преку ликовни изразувања и заедничка интеракција со вработените да градат свесност за музејската култура, историја, етничка припадност и заедништво, а исто така кај нив да се развие љубов кон старините и кон богатото заедничко минато.

– Учениците се креативни, многу сме задоволни од одѕивот на учениците и наставниците. Поминаа сите централни училишта и ова е шеста ликовна работилница. Твробите ќе бидат презентирани на изложба, изјави Габриела Митевска, кустос од Кумановскиот музеј.

Целта на проектот „Сподели богатсво“ е да ги запознае децата уште од најрана возраст со музејската дејност, значењето на музејските предмети и нашето културно богатство преку разни форми и области прилагодени за нивната возраст. Проектот се спроведува и како резултат на добрата соработка помеѓу установата со општините Куманово и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска