Центар за спортски трауматизам отворен во ГОБ „8 Септември“

Од:

Посттрауматски повреди на професионални спортисти и оние кои се занимаваат со рекреативен спорт ќе бидат третирани во Центарот за спортски трауматизам кој беше отворен денеска во Одделението за ортопедија и трауматологија при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

На отворањето на Центарот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе има систем за закажување за хронични пациенти, но и итни пациенти кои преку Ургентниот центар ќе бидат упатувани во ГОБ „8 Септември“.

– Тука веќе работат врвни експерти трауматолози и ортопеди кои веќе се занимаваат со оваа патологија, посочи Филипче и додаде дека со тоа што опремуваат едно посебно одделение укажуваат на сериозноста со која пристапуваат во третирањето на повредените.

Директорот на болницата, Кристијан Костов изјави дека во Центарот кој е прв од ваков вид во земјата и регионот повредените ќе добијат примарна и брза дијагностичка процедура, ортопедски трауматолошки преглед, лабораториско испитување и најразновидно радиолошко иследување како што се компјутерска томографија, магнетна резонанца…

Потенцира дека во Одделението за ортопедија и трауматологија има 32 болнички кревети, а во процедура е вселување во простор кој се ослободил со преместувањето на Специјалната болница „Филип Втори“, а Министерството за здравство им го доделил на користење.

– Со тоа ќе добиеме поголем комодитет на сите пациенти, сместувањето ќе биде во апартмански или двокреветни соби. Ќе се овозможи брз оперативен третман и соодветна постоперативна болничка рехабилитација по третманот со соодветен протокол на физикална терапија. Центарот ќе функционира 24 часа, додаде Костов.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска