Бошњаковски: Ставот на Владата за името останува ист

Од:

Ставот на Владата во однос на последниот предлог за името е непроменет, а останува да причекаме за очекувања од утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. Ќе имаме официјална информација што ќе ја споделиме со јавноста, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција одговарајќи на прашање какви се очекувањата од утрешната средба во Њујорк.

– Ставот на Владата што го пренесоа премиерот Заев и министрите Шекеринска и Димитров останува ист. Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа ги одразува и сите останати делови кои ја обележуваат Македонија како мултиетничка држава. Сметаме дека тоа е добар предлог за конечно решение, рече Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места