По пријава на сопственичката која му изнајмила стан на Ц.Ѓ. (1963) од с. Јабланица, Струга, дека од непознати причини ниту и се јавува на телефон, ниту ја отвора вратата од станот, тој е пронајден мртов.
Сопственичката не можела да влезе во својот стан лоциран на ул.„Б.Туристичка“ во кој три дена бил сместен кираџијата бидејќи вратата била затворена одвнатре.
Полицијата од ПС-Охрид влегла во станот при што лицето е пронајдено починато, по наредба на Истражен судија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.