Македонија од следната недела со нов состав на Владата

Од:

Македонија од следната недела ќе има нов состав на Владата.

Собранието вчера доцна попладне го прими предлогот за нови министри на Владата. Се очекува, седницата за реконструкција на Владата да се одржи до 1 јуни, кога е годишнината од изборот на актуелната Влада во РМ предводена од премиерот Зоран Заев.

Досегашната министерка за образование Рената Тренеска Дескоска е предложена за нова министерка за правда, а за министер за образование нејзиниот актуелен заменик Арбр Адеми, кадар на ДУИ. За министер за култура е предложен Асаф Адеми, кој доаѓа од Беса, додека за министер без ресор е предложен Бардул Даути, која доаѓа од ДПА.

Предлогот на Владата официјално претпладнево треба да биде достапен на веб-страната на Собранието, информираат од таму.

Во текот на вчерашниот ден во јавноста излегоа и информации за тоа кои би биле новите заменици министри во одредени ресори. Така на местото на Арбр Адеми во образование ќе биде предложен пратеникот од СДСМ Петар Атанасов, додека за заменик министер во Министерството за надворешни работи се споменуваше името на поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски. Испразнето е и министерското заменичко место во здравство.

Премиерот Зоран Заев вчера во изјава за медиумите кажа дека денеска предлозите ќе бидат доставени до Собранието, но не прецизираше кога би бил изборот на новите членови на Владата.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи