Денеска со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе биде отворена изложбата „Светите браќа Кирил и Методиј – сесловенски просветители“.
Изложбата е во организација на Музејот на македонската борба и Здружението на македонско-чешкото друштво Карл IV, а содржи филателистички материјал од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ.
Во рамките на изложбата ќе биде одржана и проекција на документарен филм за моравската мисија на светите Кирил и Методиј.