Ѓоко Поповски по денешната пресуда, не сака да ја слушне утрешната за „Тенк“, каде исто така е обвинет.
По пресудата неговиот адвокат, Стерјо Зиков, рече дека казната е превисока за кривично дело кое се случило пред 10 години, по што судската полиција го пренесе до возилото со кое понатаму ќе биде однесен во затворот во Шуто Оризари.
Поповски денеска беше осуден на 9 години заворска казна за случајот „Триста“ за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година. Поповски треба и да ја надомести штетата од приближно половина милион евра и судските трошоци. Судот му одреди притвор до извршувањето на казната.
Васко Маглешов