Кирацовски во Велес: Продолжуваме заедно да градиме демократска, слободна и развиена држава

Од:

Тука сме да го слушнеме вашиот глас. Продолжуваме заедно да работиме на спроведување на реформите коишто од Македонија создаваат модерна, слободна, демократска и напредна држава, ова беше пораката што генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски ја упати на отворената трибина со граѓаните, што вчеравечер се одржа во Велес.

„Во изминатиот период успеавме да ги реализираме клучните мерки од програмата што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и истовремено го поттикнуваат економскиот раст. Решавањето на проблемот со стечајците, зголемената минимална плата, повисоките субвенции, укинувањето на радиодифузната такса и воведувањето на евтината тарифа на струјата се само дел од мерките преку кои се обезбедуваат повеќе пари кај секое семејство. Истовремено, започнати се сериозни инвестиции во инфраструктурата, се градат или реконструираат 60 патни правци, а се реализира и 31 проект во комуналната инфраструктура. Тоа е одлика на една одговорна и транспарента Влада на која во фокусот и се граѓаните“ посочи генералниот секретар Кирацовски.

На трибината на која присуствуваше и Организациониот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, се разговараше за досегашните политики на Владата предводена од СДСМ, идните предизвици во делот на економијата, инвестициите и евроинтеграциите.

„По подолг период на стагнација и изолација, новите политики на владата предводена од СДСМ ја вратија Македонија на патот на евроинтеграциите. Пред нас е период на нови предизвици. Усогласениот пакет за решение на долгогодишниот спор што Грција го има со нашето име отвора можност за изнаоѓање на заемно прифатливо решение што ќе ги задоволи и двете страни, но и ќе го зајакне нашиот идентитет. На добар пат сме Македонија да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО. А членството во НАТО и ЕУ значат повеќе инвестиции, забрзан развој, стабилност и безбедност за нашите граѓани, за сите“ порача Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници