Поставена урбана опрема на повеќе локации во општина Неготино

Од:

Во рамки на реализацијата на проектот „Мојот убав град“, инициран од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, деновиве на повеќе локации во градот и дел од населените места, беа спроведени зафати за поставување на урбана опрема и оплеменување на околниот простор.

Како што информираат од локалната самоуправа, урбана опрема и нови реквизити се поставени во паркот на ул„Фемо Кулаков“, лоциран на десната страна од патот кон Тимјаник, а на тој простор извршено е и реновирање на дел од постоечките елементи со нивно враќање во првобитната состојба, со создадена можност за нивно користење од месното население.

– Урбана опрема и реквизити се поставени и во дворот на Основното општинско училиште „Гоце Делчев“, со тоа што директорот Петар Мантев најавува реализација и на многу други проекти кои ќе придонесат за разубавување на овој простор. Зафати се изведени и во подрачното училиште во Пепелиште, каде се работеше на санирање на оградата на училишниот двор, а паралелно се реализираат активности и на други локации, соопштуваат од општината.

Градоначалникот Делков изјави дека активностите од проектот „Мојот убав град“ ќе се одвиваат во континуитет за времетраењето на неговиот мандат. с

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко