Македонска вечер во ресторан во Брисел

Од:

Ролат од суви везени пиперки, варен кромид со сос од вински оцет, колач од лутеница, полент модар патлиџан со гравче и јагнешка коленица, сладолед од кадаиф. Вака отприлика изгледа менито што нашиот готвач Дејан Карапеев ќе го подготви денеска, за Македонската вечер во ресторанот „Чез аугуста“ во Брисел.

Македонската вечер ќе се одржи во рамки на „Тера Мадре Балкан“, како дел од т.н. „Брисел ќе го вкуси Балканот“. Почнува во 19 часот, а менито е објавено пред неколку дена и ресторанот го промовира и продава како посебен пакет.

Домаќин на Карапеев му е францускиот колега Оливие Каузабон, кој е сопственик на „Чез аугуста“ и шеф на кујна.

Најавувајќи го настанот, „Чез аугуста“ на 14 мај на својот фејсбук профил напиша: „Не се колебајте, резервирајте“.

Карапеев вели дека вечерва ќе готви традиционални специјалитети, но на модерен начин.

– Поголем дел од намирниците, со оглед дека се наши, традиционални, ги набавив во Македонија и ги донесов тука. Менито е следно: ладно предјадење – леден колач од лутеница, ролат од суви везени пиперки, галичко овчо бело сирење и кајмак, галички овчи кашкавал со власец (вид кромид, тенко како игла), варен кромид со сос од вински оцет, главно јадење – полнет модар патлиџан со гравче и јагнешка коленица во сос од праз и суви пиперки, десерт – сладолед од кадаиф, ореви и суво грозје на подлога од кадаиф, декорција чипс од кадаиф, слатко од дива смоква со млад кравјо сирење, сладок прелив од станушина, нагласува Карапеев.

Предвидено е, со вечерата, гостите во ресторанот да бидат послужени со домашна жолта ракија, струмичка мастика и вино „станушина“.

Паралелно со Македонската вечер, во други осум ресторани низ Брисел ќе се одржуваат „вечери“ и на останатите осум земји – учеснички на „Тера Мадре Балкан“: Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Хрватска, Бугарија, Романија и БиХ. И нивните готвачи ќе подготвуваат традиционална храна на модерен начин.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ