Американската администрација за безбедност во сообраќајот (ТСА) потврди дека од аеродромите ќе ги повлече скенерите што произведуваат „голи“ слики на патниците и на тој начин ќе ја замени оваа технологија што веќе предизвика државен скандал во делот на приватноста и безбедноста.
ТСА изјави дека до 1 јуни ќе ги отстрани преостанатите 174 скенери што и натаму ги користи на 30-тина аеродроми и ќе ги замени или со “бранови скенери“ или со метални детектори.
Американската влада овие „бранови скенери“ ги воведе откако на Божиќ 2009 година беше уапсен бомбаш што експлозивот го криеше во својата долна облека.
Технологијата на „голи“ слики предизвика протести во јавноста и бројни тужби заради нарушување на приватноста. Иако патниците можеа да бираат дали сакаат да се стават под скенер до гола кожа, алтернативата беше претресување со раце од глава до петици, што се смета за подеднакво инванзивна метода.
Некои стручњаци во прашање ја доведуваа и ефикасноста и безбедноста на овие скенери бидејќи машините ги изложуваа патниците на мала доза на зрачење која, доколку е во поголеми количества, е позвраза со појавата на рак.
Компанијата што ги произведува овие машини „Rapiscan Systems“, требаше да испораќа уште 500 скенери (по цена од 180.000 долари за парче), но владата го раскина договорот.
ТСА веќе неколку месеци ги отстранува скенерите од аердромите, па нив веќе ги нема во Бостон, Лос Анџелес, Чикаго, Орландо и Њујорк.