Груевски во потрага по руски инвеститори

Од:

Поголема владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски следнава недела ќе престојува во Руската Федерација, каде во четири града – Москва, Владимир, Нижњиј Новогород и Санкт Петерсбург ќе ги претстават можностите за инвестирање во Македонија.

Ова го најавува во интервју за руската агенција Итар-Тасс премиерот Груевски во кое наведува дека посетата ќе претставува одлична можност да се претстават економските и инвестициските потенцијали на македонската економија пред руските стопанственици. Гриуевски во интервјуто кажа дека настаните ќе бидат искористени и за остварување директни средби со руски компании на кои ќе се разговара за можностите за конкретни инвестиции во Македонија.

„За нас е значајно доколку би можеле да оствариме поконкретна соработка со Русија во енергетиката. Знаеме што значи Русија во енергетиката, во технологијата и во кадарот кој е оспособен за вакви области. Тука многу би значела проширенета соработка, имајќи предвид дека веќе нашите две земји постигнаа начелен договор со кој би се регулирал клириншкиот долг кој Руската Федерација го има кон нас уште од времето кога бевме член на поранешна Југославија, што значи дека тоа порамнување би можело да се ефектуира преку изградба на гасовод на приоритетниот магистрален правец Клечовце – Штип – Неготино – ТЕЦ Неготино –Кавадарци, кој е главна гасоводна артерија во нашата земја. За оваа тема, за време на посетата ќе биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу нашата гасоводна компанија и руски Стројтрансгас, кој дава можност за продлабочување на соработката и напредок во процесите“, изјави Груевски.

Според македонскиот премиер има повеќе области кои се интересни за инвестирање од странските компании, како природни потенцијали во доменот на земјоделството и производството на храна, наоѓалиштата на минерални суровини, производството на вино, како и туризмот.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски