Македонската одбојкарска репрезентација забележа победа со 3-1 на денешното гостување во Урошевац против Косово.
Ова беше прв дуел за „спартанците“ од новата сезона во ЦЕВ Европската лига.
Македонија ќе биде организатор на завршниот Ф4 турнир, па натпреварите во групата за неа немаат резултатско значење и ќе и послужат за воигрување и подготовка за „Фајнал фор“ каде ќе се обиде за прв пат да го освои шампионскиот трофеј.