Во спортската сала „Независна Македонија“ во општина Кисела Вода викендов се одигра завршниот турнир од македонското првенство за одбојкарки во пионерска конкуренција.
На првиот одигран полуфинален натпревар, ОК Јанта Волеј издвојува победа над екипата Љуботен од Тетово, со резулатат 2:1 (25:20, 25:28), додека на вториот Вардар ја победи екипата на Пелистер од Битола, со 2:0 (25:20, 25:18).
Во финалето Вардар ја совлада Јанта Волеј со 3:0 (19:25, 16:25, 19:25). За трето место Пелистер го победи Љуботен со 2:0 (25:11, 25:15).
Медалите и пехарот на победничките им ги додели градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.