Кирацовски: Граѓаните даваат поддршка и се вклучуваат во градењето на политиките за подобар живот

Од:

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, периодов остварува интензивни посети на општинските организации на партијата, учествува на отворени средби со граѓаните како и на средби со членовите и симпатизерите на СДСМ.

Посетите започнаа во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Центар, Шуто Оризари, Гази Баба, и општините и населените места во околината на главниот град, како Чучер Сандево, Зелениково, Сопиште, Петровец, Шишево.

На средбите се разговара за досегашното спроведување на мерките од Планот за живот, за политиките кои обезбедуваат раст на економијата и повисоки плати, за потребите и очекувањата на граѓаните, актуелните политички состојби, но и за предизвиците пред коишто е соочена Македонија во овој период.

„Овде сме помеѓу вас да разговараме отворено за политиките и вредностите коишто ги спроведуваме и да да го слушнеме вашиот глас. Затоа што за нас, секој е важен. Македонија тргна напред и враќање назад нема. Ова е патот и благодарни сме за вашата поддршка. Свесни сме дека се уште постојат нерешени проблеми и предизвици, но посветени сме, заедно со вас, да ги надминеме“, рече Кирацовски за време на денeшната средба со граѓаните на Шишево.

Граѓаните даваат поддршка на политиките на СДСМ што обезбедуваат повисоки плати, нови работни места, интеграција, повисок животен стандард и градење на едно општество за сите. Но изнесуваат и конкрентни забелешки, идеи и предлози за решавање на одредени прашања коишто се во интерес на граѓаните и државата.

СДСМ како одговорна партија продолжува да биде помеѓу граѓаните, да го слуша нивниот глас и да ги следи нивните потреби.

Во периодот што следува, највисокото раководство на партијата, претседателот Зоран Заев, заменик претседателката Шекеринска, потпретседателите, генералниот и организациониот секретар ќе ги посетат општините и граѓаните ширум државата.

На средбите со граѓаните, раководството на партијата ќе разговара спроведувањето на политиките за подобрување на животот на граѓаните, особено во делот на економијата и животниот стандард како и за процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО и обезбедување сигурна и стабилна иднина за сите.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски