Бостон на минус 30 во Кливленд

Од:

Вицепрвакот во НБА лигата, тимот на Кливленд Кавалирс го победи Бостон Селтикс со 116:86 ноќеска на домашен терен и намали на 2-1 во финалето на Источната конференција.

Кавалирс фуриозно го почна мечот и по првата четвртина имаа +15 (32:17), на полувреме веќе воде со 20 разлика (61:41).

Леброн Џејмс со дабл-дабл ефект од 27 поени и 12 асистенции го предводеше својот тим до убедлив триумф.

Во поразената екипа најефикасен кошаркар беше Татум со 18 поени.

Вечер во 2 часот по полноќ играт Голден Стејт и Хјустон во третиот дуел од финалето на Западот. По две средби резултатот е нерешен 1-1 во серијата прв до четири победи.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот