Семинар и дебата за примената на маслото од канабис во медицински цели

Од:

Меѓународни научници и доктори по медицина ќе одржат предавања на семинарот насловен „Канабис – 1000 зошто, 1001 затоа – Разбивање на митот: рекреативен или медицински канабис?“ што ќе се одржи денеска во Скопје.

Семинарот е во организација на граѓанското здружение „Зелена алтернатива“ со цел продолжување на континуираната едукација на полето на канабисот и споделување на точни информации за неговите својства и употреба.

Активностите ќе се одвиваат во мултимедијалниот центар „Јавна соба“ во два дела. Првиот е семинар со предавања на професори, доктори и научници, признаени во светот за нивната посветеност, достигнувања и работа во областа на канабисот. Во овој дел, предавања ќе има Пол Хорнби, доктор и научник од Канада со повеќе од триесетгодишно искуство во третирањето на пациенти со канабис и екстракти од канабис, кој прв го стандардизирал канабис екстрактот со кој се таргетират специфични болести. Предавачи се и научникот заслужен за откривањето на ендоканабиноидниот систем, д-р Лумир Ондреј Хануш од Израел, Роберт Меламед доктор по молекуларна биологија чии истражувања се во полето на канабиноидите, канцерот и обновувањето на ДНК, како и Јонас Вандерсван доктор од Канада кој третира бројни болести со екстракт од канабис и член на повеќе друштва и асоцијации за употребата на канабисот како медицинско средство.

На вториот дел од настанот предвидена е јавна дебата, на која се очекува медицински лица од земјава да ги споделат своите дилеми и искуства во препишувањето канабис.

– Целта на дебатата е да се приближат ставовите меѓу пациентите и докторите, да се чујат нивните барања, дилеми, стравови и прашања во врска со користењето и третирањето на пациенти со канабис. Поканивме над 100 медицински лица и се надеваме дека дел од нив ќе го посетат овој настан и ќе учествуваат во дебатата со свој придонес, да постават прашање или да споделат мислење и искуство, велат од „Зелена алтернатива“.

Употребата на канабисот само за медицински цели под строг надзор и контрола на стручни лица во Македонија е дозволена од 2016 година согласно измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Би можело да ве интересира

Уапсен жител на Белчишта кај кого се пронајдени 145 стебла канабис сатива

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Истрага за илегално одгледување канабис во демирхисарско

Ана Ололовска

Кривична за шверцерите на 7 тони канабис вреден 20 милиони евра