40 хумани граѓани од Кисела Вода даруваа крв

Од:

Уште една крводарителска акција се одржа денес во Општина Кисела Вода. 40 хумани граѓани, во Големата сала на Општината даруваа крв и помогнаа да се спаси нечиј живот.

Меѓу нив имаше и вработени во општинската администрација, како и претставници од сите месни и урбани заедници од Oпштината. Најмладиот дарител имаше 23 години, а највозрасниот 63.

Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв, соопштуваат од Oпштина Кисела Вода.

Оваа акција која е во организација на Oпштина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје, се одвива неколку пати годишно.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода