На фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах му е укажана голема чест. Копачките на најдобриот играч во Премиер лигата ќе бидат изложени во Британскиот музеј во дел каде се наоѓаат предмети од Египет.
Египќанецот импресионираше во неодамна завршената сезона откако стигна до „Златната копачка“ во Премиер лигата со рекордни 32 гола.
Неговите копачки ќе бидат изложени во пресрет на финалниот меч на Лигата на шампионите во кој Ливерпул ќе игра против Реал Мадрид.
– Копачките ја раскажуваат приказната за модерната икона на Египет, која игра во Обединетото Кралство и има влијание насекаде низ светот, вели авторот Нил Спенсер.
Салах одигра клучна улога во пласманот на Египет за Светското првенство во Русија.