Кина понудила да го намали трговскиот дефицит со САД за 200 милијарди долари

Од:

Извори во американската Влада вчера информираа дека Кина понудила да го намали својот трговски суфицит со САД за 200 милијарди долари годишно.

Двете земји имаат трговска размена од околу 700 милијарди долари, од што американскиот извоз во Кина изнесува само 150 милијарди долари – дисбаланс кој претседателот Доналд Трамп вети дека ќе го намали. Според информациите од Вашингтон, кинеските власти наводно понудиле да ги намалат давачките за увоз на американски земјоделски производи како што се овошјето, свинското месо, виното и јаткестите плодови, што може да им помогне на САД да го намалат дефицитот.

Според аналитичари, сепак, на САД ќе им биде тешко да го намалат трговскиот дефицит, имајќи предвид дека Кина веќе купа девет од сите десет авиони произведени од Боинг. Главни американски извозни артикли во Кина се авионите (16 милијарди долари годишно) и сојата (12 милијарди долари).

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари