Фановите на Егзит фестивалот во Нови Сад уште од рано утрово чекаат во редици за билети пред главното продажно место, иако продажбата почна напладне. Станува збор за попустот, по којшто билетот чини 2.290 српски динари (околу 1.200 денари, или 20 евра), што претставува намалување од 70 отсто од цената.
Оргаизаторите истакнуваат дека и лани интересот за првите билети бил голем, но годинава првпат редицата е така долга уште во 10 часот, додавајќи дека никогаш досега немало толку голема побарувачка.
Бројот на влезници со попуст е ограничен, а за оние најбрзите следуваат и награди.
Фестивалот ќе трае од 12. до 15 јуни.