• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го повтори барањето за лидерска средба за разговорите за името

by А1он18/05/2018 - 12:2118/05/2018 - 12:28199
Share0

„Во изминатите денови неколкупати јавно побаравме од премиерот Заев за лидерска средба во врска со името. Шест дена ВМРО-ДПМНЕ бара од оваа неодговорна Влада лидерска средба. Шест дена се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името.

Добивај вести на вибер

Очигледно се работи за нешто сосема друго и владата се обидува нешто да сокрие од јавноста!“, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но она што можеше да се види во изминативе денови е нескриен отпимизам од грчката страна и тврдењата на Заев дека имало „некакви“ креативни решенија, без да соопшти за што станува збор. Заев кажа дека биле утврдени некакви опции што би можеле да бидат прифатливи. Кои се тие опции, дали тоа значи дека веќе се договориле? Или тоа значи дека се што грчката страна побарала Заев се согласил? Дали тоа значат преговори за Заев?

Во речникот на Заев повеќе никаде не можеме да го слушнеме предизборниот став за непромена на уставот и референдум за решение за името кое би било прифатливо и за кое би требало да се произнесат граѓаните на Република Македонија.

Оттука нејасно е дали ова е се уште став на СДСМ и Зоран Заев кој го ветуваа предизборно пред граѓаните?

Очигледно се купува време и се наметнува впечатокот дека се работи за решение кое би било договорено и подоцна целокупната јавност и граѓани би биле ставени пред свршен чин, Во меѓувреме главниот брифер на информации во Македонија се грчките медиуми.

Потсетуваме дека Зоран Заев нема никаков монопол, никакво суверено право над ова прашање, особено не да одлучува во името на сите граѓани и сите политички субјекти за најважното прашање за сите Македонци.

Зоран Заев не смее да ја узурпира добиената позиција и да наметнува решенија за кои јавноста не е информирана.

Затоа со цел да се оттргнат сите сомнежи, и да се види што е тоа што го крие Заев и СДСМ бараме уште еднаш итна и неодложна лидерска средба каде освен носителите на преговарачкиот процес премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, би учествувале лидерите на политичките партии и претседателот на државата.

Владата не смее да ја држи државата, јавноста, граѓаните и медиумите во информативен мрак. Потребен е сериозен и зрел пристап“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmneliderska

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:25

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен