Хилари Клинтон ја презеде одговорноста за грешките во Бенгази

Од:

 Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска, сведочејќи пред Конгресот на САД околу загинувањето на амбасадорот на САД Крис Стивенс во Либија, во септември минатата година, изјави дека ја презема одговорноста за настанот, и додаде дека никој од неа повеќе не сака целиот настан да се разјасни до крај.

Во сведочењето, што се уште трае, таа почна детално да го опишува однесувањето и акцијата што Стејт департментот ја презеде во текот на вечерта и ноќта кога исламските екстремисти упаднаа во американскиот конзулат во Бенгази и го убија амбасадорот Стивенс и уште тројца службеници на амбасадата.

-Ја преземам одговорноста и никој од мене повеќе не сака целата работа да се разјасни до крај. Одлучна сум Стејт департментот и нашата држава да ги оставам побезбедни, посилни и посигурни, рече Клинтон.

Таа потврди дека станувало збор за терористички напад, но дека во прв момент не се знаело кои се напаѓачите и кој им бил мотивот.

Токму ова одредница, дека станувало збор за терористички напад, амбасадорката на САД во ОН Сузан Рајс ја чинеше функцијата нов државен секретар на САД, бидејќи таа во првиот момент по нападот изјави дека не е во прашање терористички чин, туку спонтан напад на либиските демонстранти.

Еден од конгресмените денеска државната секретарка ја запраша дали е вистина дека некои од напаѓачите од Бенгази учествувале во грабнувањето на странските работници во Алжир, како што пишуваат американските медиуми, на што таа одговори дека се уште нема таква потврда, но дека претставниците на САД се на лице место и дека тоа го истражуваат.

Клинтон во следните неколку дена треба да го напушти местото државен секретар на САД, шти и пред нападот во Бенгази го имаше најавено. Неа на ова висока функција ќе ја замени сенаторот од Масачусетс и поранешен демократски претседателски кандидат Џон Кери.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН