Четворица пешаци тешко повредени во Скопје

Од:

Четворица пешаци и еден сопатник на мотоцикл се здобиле со тешки телесни повреди, седум лица со лесни телесни повреди во единаесет од 14 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајки причинета е материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 34 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 26 возачи од кои 10 под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени шест нерегистрирани возила, едно неисправно возило, 69 автомобили биле непрописно паркирани, а 44 возила биле подигнати со „пајак“.

Седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале, додека пак заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл не користеле тројца возачи.

Одделението за Превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во објектите „Сончоглед и Темјанушка“ на градинка „Детска Радост“ во општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце