Американската Галф оил му ја одзеде лиценцата на Сан Петролеум Албанија, дали и како Галф оил ќе продолжи да работи во Македонија?

Од:

Меѓународната компанија Галф Оил целосно ја префрли вината на албанскиот партнер Сан Петролеум, за шемата со измама со купони, пренесуваат деновиве албанските медиуми. Заменик-претседателот на групацијата, Френк Рутен, изјави дека Галф Оил ја завршиле својата работа со Сан Петролеум, со тоа што во целост им ја одзеле лиценцата, бидејќи таа не била платена.

„Ова е несреќна ситуација. Но, треба да се сфати дека Сан Петролеум е независна компанија со која сме лиценцирани да тргуваме под брендот Галф оил, како што направивме со многу други компании ширум светот “, вели Френк Рутен, потпретседател на групацијата Галф оил.

Инаку, брендот Галф оил пред седум месеци влезе на македонскиот пазар, а компанијата Сан Петролеум Албанија е нејзин ексклузивен застапник за Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Фирмата Супертрејд, чија бензинска станица на булевар Борис Трајковски во Скопје, во октомври лани се ребрендираше во Галф оил, всушност работи преку лиценцата на Сан Петролеум Албанија, што стои и на нејзината интернет страница, дека таа е застапник за овие четири држави.

Затоа сега се поставува прашањето, дали и како Галф оил ќе продолжи да работи во Македонија, по одземањето на лиценцата на Сан Петролеум Албанија. Дали компанијата Супертрејд, со оглед на фактот што таа ја имаше подлиценцата преку Сан Петролеум Албанија, ќе продолжи да биде застапник за брендот Галф оил во Македонија?

Неодамна медиумите објавија за измамите со купони што им биле продадени на албанските потрошувачи, без знаење и одобрение од групацијата Галф оил. Сан Петролеум продале значителен број припејд купони, кои сега потрошувачите не можат да ги претворат во гориво.

Обвинителството на Тирана го испитува Сан Петролеум, за намерна измама со продажбата на купони. Тоа објави потрага по албанскиот менаџер, Албано Алико, како и по администратор и менаџер за продажба во Тирана од оваа компанија.

Според обвинителството, по продавањето на припејд ваучери на граѓаните, Сан Петролеум ја затвориле својата дејност. Штетата на граѓаните е проценета на 1,5 милиони евра, додека компанијата има и 3,5 милиони евра други обврски кон државата и добавувачите.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот